Али Бектеши е полицаецот што утринава беше прегазен од воз
Али Бектеши, 34-годишен полициски службеник, вработен во полициската станица во Гази Баба, починал на лице место утринава откако автомобилот „фолксваген венто“ во кој се наоѓал бил прегазен од товарен воз.
Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 5.50 часот, на патниот премин преку железничката пруга „Маџари“.
Товарниот воз што удрил во службеното возило сообраќал на релација од Табановце кон Скопје.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: