ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Албин Курти за „Опен“: Европа сака да создаде федерација, ние создаваме своја федерација

Членството во Европската унија зависи од нас. Исто така и националното обединување зависи од нас. Европа сака да создаде федерација. Ние создаваме своја федерација – изјави лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, гостувајќи во емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Топ чанел.

Смета дека во последните две годни тезата за национално обеднување спласнала поради идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија.

-Луѓето не сакаат да ја дадат Митровица за обединување со Албанија. Ние со националното обединување не се намалуваме, туку стануваме поголеми. Граѓаните сакаат обеднување и на Бујановац, Медведеѓа и Прешево, но не веруваат дека има српски политичари кои ќе ги дадат тие места. Граѓаните стравуваат и веруваат дека во Косово има политичари кои се подготвени да го дадат северот – рече Курти.

Тој зборуваше и за „мини шенгенот“ посочувајќи дека има еден услов за да разговара за идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

-Ако мини-шенгенот го задржува реципроцитетот Косово – Србија тогаш може да дискутираме. Ќе ја свикам владата и бизнис заедницата за наше учество во оваа иницијатива. Косовските возачки дозволи не се признаваат во Србија, па можеш да бидеш казнет со 800 евра. Преку мини-шенгенот, Србија сака да ги искористи нашите автопати, нагласи Курти.

Курти е најсериозен кандидат за нов премиер на Косово.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.