ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ако и дадат воена помош на Украина, Радев се плаши дека Русија може да ги нападне

Бугарскиот претседател Румен Радев мисли дека Русија може да ја нападне Бугарија и ќе нема кој да ја брани. 

Ова следи по најавите за испраќање на воена помош во Украина. 

„Бугарија е лојална членка на Европската унија и НАТО и е солидарна со нашите партнери и сојузници, но имам чувство дека многу луѓе зборуваат без да имаат свое мислење. Други, пак, се неуки“, рече тој.

Радев ги повтори познатите ставови дека Бугарија треба да биде повнимателна во односите со Русија отколку другите европски земји, затоа што таа е географски поблиску и има „историска дијаспора“ во Украина. И плус дека Бугарија била многу позависна од рускиот гас во однос на другите..

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, се закани дека ќе ја напушти коалицијата доколку владата одлучи да помогне на Украина со воена помош. 

БСП и нејзината пратеничка група бараат опции како партијата да најде излез од оваа закана, за да не се распадне владејачкото мнозинство. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.