ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Ако Бугарија остане на ставот, можеби треба да го подготвиме македонскиот народ дека нема да почнат преговорите со ЕУ“, рече Заев

Премиерот Зоран Заев од Пробиштип, одговорајќи на новинарско прашања, истакна дека ако Бугарија не ги смени ставовите кон нашата земја, можеби ќе треба да се подготвиме дека ќе нема меѓувладина конференција во декември, а со тоа и нема да почнат преговорите на Северна Македонија со ЕУ.„Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не беа баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.