ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Администрацијата во петок ќе работи само 4 часа

Администрацијата во петок ќе работи само четири часа. Владата планира да им ја скрати работната недела. Па така наместо 40 часа како работниците во приватниот сектор –  административците ќе имаат 36 часовна работна недела. Или по осум часа од понеделник до петок и само четири часа во сабота. Предлог законот за административни службеници е готов и е објавен на ЕНЕР каде и истекува рокот за коментари. Го изработи Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерот Јетон Шакири за „Телма“ вели  целта била да  ја трансформираме администрацијата во мала, ефикасна, задоволна, лесно достапна на граѓаните и сервисно ориентирана. Вели подготвиле два закони за целосна да ја деполитизираат администрацијата и да воспостават систем на заслуги во процедурите за вработување

МИОА ГИ ОЧЕКУВА ЗАБЕЛЕШКИТЕ, КОМЕНТАРИТЕ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНИТЕ. СО ЦЕЛ ДА ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО МАЛА, ЕФИКАСНА, ЗАДОВОЛНА, ЛЕСНО ДОСТАПНА НА ГРАЃАНИТЕ И СЕРВИСНО ОРИЕНТИРАНА СЕ ПРИСТАПИ КОН ПОДГОТОВКА НА ПОГОРЕ СПОМЕНАТИТЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА.- ВЕЛИ ШАКИРИ.

Експертите со критики – велат ова е хипокризија. Предупредуваат дека се додека администрацијата е во функција на политичката власт, тоа ќе биде на штета на граѓаните.

ДОКОЛКУ ВО НАШИОТ СИСТЕМ ЕКОНОМСКИОТ СЕКТОР ГО ФИНАНСИРА ЈАВНИОТ СЕКТОР, А ТИЕ РАБОТАТ 40 ОДНОСНО 42 ЧАСА ГОЛЕМА ХИПОКРИЗИЈА Е ДА ЈАВНИОТ СЕКТОР РАБОТИ ПОМАЛКУ ОДНОСНО 36 ЧАСА, ОДНОСНО ВО ПЕТОК ДА РАБОТАТ ДО 12. ТИЕ ШТО ГО ФИНАНСИРААТ И АЛИМЕНТИРААТ ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ДА ЖИВЕЕ ДА РАБОТАТ ПОВЕЌЕ, А ОВИЕ КОИ ШТО ЖИВЕАТ НА НИВНАТА ГРБАЧА ДА РАБОТАТ ПОМАЛКУ.СЕ ДОДЕКА АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ВО ФУНКЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ, ТОА ЌЕ БИДЕ НА ШТЕТА НА ПОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТ НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ТАА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Граѓаните пак шокирани. Велат и онака и сега не можат да завршат работа по институциите. Бараат администрацијата да работи и во сабота. Но, има и граѓани кои се за 36 часовна работна недела, но не само за администрација туку за сите.

Откако ќе се приберат забелешките на законот, се очекува предлог законот да оди на усвојување пред пратениците.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.