Адеми: Врховниот суд се соочува со притисоци

Од закани за разрешување на врховни судии до креирање на лажни вести.Највисокиот суд во државава се соочува со политички притисоци кои имаат за цел оживување на амнестијата за поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, со која експремиерот Груевски би се ослободил од кривична одговорнос
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми во интервју за СДК.мк вели дека нема простор за нов став по ова прашање затоа што судот претходно во предметот „Транспортер“, веќе се произнел дека аболицијата била донесена по непостоечки член. Адеми уверува дека судиите во Врховен се независни од која било политичка партија и секогаш ги почитуваат Уставот, законот и меѓународно ратификуваните договори..
„ Политичкиот и правниот контекст на прашањето за аболициите во минатото добро ѝ е познат на јавноста. Но исто така, познато е и дека вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. – вели Адеми и е категорична дека овој состав на судии во Врховен не им е вазал на ниту една од политичките партии… – Беса Адеми – Претседателка на Врховниот суд во интервју за СДК.МК.
По ова интервју на Адеми, Судскиот совет информираше дека ја повикуваат претседателката на Врхониот суд на состанок во понеделник да разговараат за како што наведуват ова важно и сензитивно прашање.
Инаку, Врховниот суд треба да одлучува по предметот „Плацеви на Водно“ во кој има жалбен навод и за аболицијата на Иванов. По однос на помилувањата на поранешниот претседател адвокатот Миле Наумовски поднесе, а потоа ја повлече иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење. Лидерот на Демократско Движење Меџити, вчера изјави дека има сознанија дека се подготвуваат нови иницијативи и го обвини ДУИ дека врши притисок врз Врховниот суд.
Темата за можното оживување на аболиците на Иванов и политичките притисоци, се актелизираа по посетата на амбсадорката на САД Агелер на Врховниот суд, на која ја истакнала потребата од силна поддршка на заложбите за независно и транспарентно судство.