ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Адвокатот на Тони Трајковски пак му пиша на Судскиот совет

Божиќно писмо од адвокатот на екс градоначалникот Тони Трајковски до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев. Но во него нема честитки и празнични желби, туку бара Здравев да свика итна седница на Судскиот совет за мандатот на поротничката од „ТНТ“. На Големиот верски празник Страшевски вели не планирал да пишува но молкот го натерал повторно да му пише на Здравев, поставува и одговара 6 прашања меѓу кои потенцира дека поротничката по 24 декември 2019 не смее да учествува на рочиштата.

Уште еднаш Ве повикувам уште во текот на утрешниот ден да постапите согласно закон и овозможите да завладее правото во нашата држава во спротивно ќе сметам дека како претседател на судскиот совет заедно со останатите членoви на овој орган кој исто така имаат можност со минимум пет потписи да свикаат итна седница на овој орган, превземате дејствија на непријавување на подготвување на Кривично дело,

пишува Страшевски.

Непримерни притисоци и недозволени закани, вака неофицијално од Кривичен ги коментираат изјавите и писмата на адвокатите од „ТНТ“ кои најавија и кривични пријави. Официјално соопштение со ставот на судот се очекува утре, но од она што може да се дознае вината за последните случувања ја лоцираат кај одбраната која велат го одолговлекувала судењето.

И пензионираниот врховен судија Дане Илиев смета дека одлговлекувањето од страната на одбраната е тенденционзноно, но потенцира и дека судиите имаат законски инструменти во свои раце и не треба да дозоволуваат предолго траење на судењата. 

Ако на поротник му е завршен мандатот не треба да доаѓа на судења и тоа требало да се предвиди, вели поранешниот врховен судија. Но од друга страна треба да се видат сите законски опции, вели  Илиев кој не гледа логика судиите да можат да продолжуваат по старосната граница а поротниците не.

Илиев не гледа голем проблем во тоа судењето да почне од почеток, поради смена на поротник. Потенцира дека е битно судиите да не толерираат одолговлекување.

На судењето за уривањето на „Космос“ последниве месеци беа драматични. Се сменија повеќе адвокати кои бараа увиди во предметот. Адвокатот Даути бараше и целосен превод на сите списи од македонски на албански, како законско право со единствена цел подобра одбрана за клинетот. Судијата ова го протолкува како обид за застој и злупотреба за да се избегне одговорност и му поднесе на Даути дисиплинска пријава во Адвокатска комора.

Судењето се одлагаше и од други причини до крајот годината, но сега судот со 10-тина дополнителни термини прави напори да го заврши до 27-ми јануари. За тогаш е закажана и седницата на Судскиот совет на која ќе констатираат дека и е истечен мандатот на поротничката.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.