ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

АГРОТИМ: Програмата за Рурален развој 2021 одлична, пари за млади земјоделци, рурална жена, механизација, 10 000 за нов агробизнис…

Програмата за Рурален развој за 2021 година на МЗШВ излезе во Службен весник, информира платформата Агротим.

Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година во вкупен износ од 1.196.897.000 денари се обезбедени
согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Планирани се мерки како поддршка за поттикнување на земјоделско производство во висина од 20 000 евра неповратни средства, Поддршка за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност во висина од 10 000 евра, Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство 6000 евра и други важни мерки.

Новина годинава е средства за набавка на специјални комбајни за жетва на ориз со сецкалици на сламата, а ќе има повици и за механизација, системи за наводнување, набавка на пчелни матици и роеви, набавка на добиток и подигнување на нови насади.

Дел од средствата од делот I на оваа програма во износ од 11.197.000 денари се наменети за Фондот за иновации и технолошки развој согласно член 26 од Законот за иновациска дејност.

Агротим ќе ги следи повиците и навреме ќе ве информира за мерките и кои услови треба да се исполнат за да може да аплицирате и да добиете средства од програмата за Рурален развој.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.