ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Автопатот ,,Арбен Џафери“ од Приштина до Скопје од денеска е во употреба

Автопатот од Приштина до Скопје кој денеска е пуштен и официјално во употреба, ќе го носи името на македонскиот политичар од албанско потекло, Арбен Џафери. Тој го доби ова име уште во 2014 година, кога започна да се гради.

Долгогодишниот лидер на ДПА, Арбен Џафери, беше високо почитуван кај сите Албанци од регионот.

Тој почина од мозочен удар во 2012 година.

На свеченоста во Косово ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и ќе има свое обраќање.

На настанот ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.