Австрискиот парламент во понеделник ќе гласа за доверба на Курц
Претседателот на австрискиот Парламент за во понеделник , на 27 мај , ја закажа седницата за интерпелација на канцеларот Себастијан Курц по аферата Ибица-гејт.
Претседателот на Парламентот Волфганг Соботка , кој исто како Курц е член ан австриската Народна партија , предложи денеска предлогот за интерпелација да се проучи по неделните европски избори ,, поради мирна расправа базирана на факти”.
Откако вчера Курц го разреши министерот за внатрешни работи од коалициската партија ФПО , чиј лидер на видео снимка од ибица договара милионски бизнис со наводна внука на руски милијардер , и останатите четворица министри од партијата си поднесоа оставки.
Според вчерашната анкета , ФПО по скандалот ја загуби довербата за цели 5 % и има само 18% , додека Конзервативците на Курц имаат раст на довербата за 4% и сега имаат 38% доверба.
Канцеларот најави и одржување на вонредни избори , со тоа што на испразнетите места во владата претседателот ќе именува експерти.