Авганистанскиот претседател избегал од земјата со 169 милиони долари

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати потврдило дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани се наоѓа во оваа заливска земја.
Гани избегал со хеликоптер од Авганистан во Таџикистан на денот кога Талибанците влегоа во Кабул.
„Министерството може да потврди дека го примило претседателот Гани и неговото семејство од хуманитарни причини“, се вели во соопштението.
Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан денеска изјави дека Гани носел 169 милиони долари со себе. Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесува Би -Би -Си.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: