ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Абазовиќ: Црна Гора е близу до тоа да почне да ги затвора преговарачките поглавја со ЕУ

Црна Гора е блиску до добивање на конечните одредници во областа на владеењето на правото и да почне да ги затвора поглавјата од преговорите, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и порача дека членството во Европската унија (ЕУ) е приоритет на сите приоритети.

Тој ова го кажа во Собранието, одговарајќи на прашањето на пратеникот на Демократската партија на социјалистите, Данијел Живковиќ, во врска со тоа какви конкретни чекори планира Владата, за да го продолжи патот на Црна Гора кон членство во ЕУ.

Абазовиќ изјави дека е сигурен оти постои голем оптимизам дека Црна Гора на најдобар можен начин ќе го искористи моменталниот момент и ќе исчекори напред во однос на сите други земји кои имаат претензии да бидат дел од ЕУ.

„Со оглед на тоа што сме многу блиску до добивање на конечните одредници и до почеток на затворање на поглавјата, навлегуваме во последниот технички дел, каде што можеме да постигнеме одлични резултати за краток временски период, апелирам до сите да ја искористиме таа шанса, изјави Абазовиќ.

Тој рече дека Црна Гора може да опстане само како граѓанска и европска држава и дека е време да се оди напред.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.