ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Зибери: Заев и Мицкоски не можат да го негираат правото на Албанците да имаат премиер

Граѓаните Албанци, но и сите други граѓани на Македонија, се тие од кои ја барам довербата. Бидејќи како непристрасен премиер, јас ќе имам одговорност кон нив и кон државата.

Насер Зибери, кандидатот за премиер од партијата на Али Ахмети денеска од Преспа проача дека е почестен и горд да биде прв кандидат Албанец за премиер во историјата на земјава. Тој на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ им порача дека неможат да го негираат правото на Албанците да имаат премиер.

– Само пред неколку недели, никој не можеше да помисли за еден премиер Албанец во Северна Македонија. Сега, целата земја зборува за ова, но зборува и регионот и меѓународната заедница. Ме изненади повикот на Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат.  Искрено се изненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но исто така е многу голема одговорност – рече Зибери.

Според него, одлуката воопшто не била лесна, но додаде дека челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките за кои се нафаќа за општественото добро наспроти личниот комодитет. Тој се согласил да ја прифати кандидатурата поради тоа што верува, оти целиот живот го посветил за борбата за рамноправност на Албанците.

– Реков да, затоа што верувам во идејата за првиот премиер Албанец и верувам дека не е само чест, туку и должност и обврска за да и служам на ова идеја и на нашата албанска заедница во нашата земја. Јас верувам дека заедно ќе успееме. Да, затоа што јас целиот живот го посветив во борбата за рамноправност на Албанците и другите граѓани, за подобар живот за Албанците, како пратеник од ПДП, како министер за труд и социјална политика, како потпретседател на владата, и како адвокат. Јас ја имав честа да придонесам и во изготвувањето на текстот на Охридскиот Договор, кој што беше почетокот на нашиот пат кон еднаквите права во едно еднакво општество. Иако Охридскиот Договор се применува, нашиот јазик сега е службен јазик и имаме голем напредок во многу области на нашето општество, ние сѐ уште не сме потполно рамноправни. Ние се соочуваме со нерамноправен однос на работа, во правдата и во секојдневниот живот. Ние сѐ уште не сме рамноправно застапени во администрацијата и во власта. Време е за последниот чекор, време е да ги урнеме последните ѕидови кои го делат нашето општество на два дела: македонци и немакедонци. Време е за првиот премиер Албанец. И да затоа што ова идеја е поголема од мене и од секоја личност. Таа е поголема од ДУИ и од секоја партија. Јас не би прифатил да бидам партиски кандидат. Ниту за ДУИ ниту за некоја друга партија. Бидејќи независноста секогаш беше моето начело како придонесувач во политиката, независноста ќе биде моето начело како премиер. Еден премиер не треба да ѝ служи на една партија.  Тој треба да им служи на граѓаните.  Пред да му го соопштам на Ахмети мојот конечен одговор,  го прашав за ова и тој беше повеќе од задоволен од моето прашање. Ова го мислеше и тој,  независен кандидат кој ќе биде премиер на сите. Кандидат кој ќе ги обедини сите Албанци, но и повеќе  ќе ја обединува Северна Македонија – рече Зибери

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.