Volkswagen Group продаде најмногу автомобили во 2018 година
Во минатата година Volkswagen Group продаде рекордни 10,83 милиони лични автомобили, односно 0,9% повеќе од претходната година. Доколку се земат предвид проценките на конкурентите, VW Group се наоѓа на првото место по бројот на продадени автомобили во минатата година.
Најголемите конкуренти на VW Group – Toyota Motor и Renault-Nissan- Mitsubishi сѐ уште ги немаат објавено официјалните податоци за вкупната продажба во 2018 година. Француско-јапонската групација продаде 10,6 милиони автомобили во 2017 година, додека во првата половина од минатата година веќе имаше продадено 5,54 милиони возила.
Toyota ја објави првичната проценка, според која во минатата година се продадени 10,55 милиони возила од оваа групација, но и понатаму нема официјална потврда за оваа бројка.
Volkswagen минатата година испорача 6,24 возила, додека луксузните брендови од истата групација, Audi и Porsche, продадоа 1,81 милиони односно 256.000 возила последователно.
Со минатогодишните бројки, Audi стана третиот најпродаван луксузен бренд во светот, веднаш зад BMW, кој испорача 2,12 милиони луксузни лични автомобили и со тоа ја зголеми продажбата за 1,8% во однос на 2017 година. На првото место и понатаму е Mercedes-Benz, кој минатата година продаде 2,31 милиони луксузни возила.
Вкупната продажба на BMW Group порасна за 1,1% во однос на претходната година, со што стигна до бројката од 2,5 милиони продадени возила. Од компанијата велат дека очекуваат и оваа година бројот на продадени возила да се зголеми.