ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Mуцунски на својот прв министерски ден е во Луксембург, членството во ЕУ за него е приоритет

На првиот работен ден од министерскиот мандат денеска сум во Луксембург каде ќе учествувам на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан, порача од Луксембург преку Фејсбук новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.Станува збор за важен настан што се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, вели Муцунски и додава дека приоритет за нашата држава е полноправното членство во ЕУ.

Тоа е наш приоритет и тоа е од суштинско значење за регионалната соработка, безбедност и развој, нагласува Муцунски.

Како што јавува Танјуг од Лујксембург, Муцунски изјавил дека ќе разговара со колегите од земјите-членки на Европската Унија за тоа што може ЕУ да направи, важноста на Планот за раст за Западен Балкан, кој ќе има сериозни позитивни фискални импликации за Западен Балкан.

„Веруваме дека ова е еден од форумите преку кои можеме заеднички да го забрзаме напредокот на целиот регион кон полноправно членство во ЕУ“, изјавил Муцунски.

Тој додал дека Скопје сака да напредува кон полноправно членство во ЕУ врз основа на вредностите и критериумите што ги бара самата ЕУ и рече, како што пренесува Танјуг, дека Скопје смета дека процесот на европските интеграции не треба да биде оптоварен со билатерални спорови.

Во Луксембург, во рамките на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и на Косово, беше соопштено претходно од Советот на ЕУ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.