ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

80.000 поплаки за неисплатени плати, додатоци, бркања од работа – Во Македонија на големо се кршат работничките права

Претседателот на сојузот на синдикати Дарко Димовски вели дека дури 80 илјади поплаки за прекршување на работичките права пристигнале на адреса на сојузот. Овие поплаки најчесто се по основ на неисплатени плати, отпуштања од работа со несоодветна работна постапка, исплата на додатоци во рамките на минималната плата. Дарко Димовски вели дека во големиот број случаи е направена интервенција, а остварен е и контакт со работодавачите кој ги прекршиле работничките права.

„Грото од тие случаи ги решивме, некои не сакаа да не послушат, па поведовме судски постапки, а за останатите се обративме до Државниот трудов инспекторат. Се постапува, редовно добиваме известување од трудовиот инспекторат каде се врачени решенија, каде се исплатени глоби и најголем дел од работниците со тие решенија се вратени, а онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува на тие работници безплатна правна помош“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Од Државниот пазарен иснспекторат пак велат дека освен преку веб страницата и кол центарот, претставки до инспекторатот пристигнуваат и во архивите на подрачните одделенија, како и во централата на Државниот пазарен инспекторат.

„Во периодот од јануари и март 2021 година имаме направено 3.738 надзори по претстваки пријавени од граѓани кои што сметаат дека им е повредено одредено право од работен однос или право од заштита и безбедност при работа. Покрај овие вонредни надзори, имаме 541 контолен надзор, и 267 редовни надзори што значи дека инспекторатот навистина работи секојдневно, инспекторите од трудов инспекторат се секојдневно на терен во заштита на работничките права“, истакна Јована Тренчевска, директорка на ДИТ.

Инаку Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја презентираше новата мобилна алатка за пријавување на прекршени работнички права. Работниците на кои им се прекршени правата, ќе можат да пријават преку новата мобилна апликација, а пријавите веднаш потоа ќе бидат проследени до Државниот инспекторат за труд. Апликацијата нуди можност и за пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на Сојузот на синдикати и следење на вести и совети од трудовото право, т.е. да не се прекршат работничките права кои се утврдени со закон и колективен договор.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.