ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

70 загинати и 47 исчезнати во поплавите во Турција

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека во поплавите што ги зафатија областите Кастамону, Синоп и Бартин во Црноморскиот Регион животот го загубиле 70 лица, јави Анадолија.

АФАД наведе дека 60 лица загинале во Кастамону, девет лица во Синоп и едно лице во Бартин, а осум лица се лекуваат во болниците.

Спасувачките служби ја продолжуваат потрагата по 47 лица, кои се водат за исчезнати.

По поплавите, од областа Улус во Бартин евакуирани се 341 лице, во Кастамону 1.480 лица, додека од областа Ајанџик и населбите на Синоп евакуирани се вкупно 560 лица.

Поплавите предизвикаа хаос минатата недела, кога поројни води ги носеа автомобилите по улиците, уништија згради и мостови, затворија патишта и уништија електрична инфраструктура.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.