ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

65 милиони евра нема да бидат доволни за енергетската криза – Бесими вели повеќе пари има, но не открива од каде

За справување со последиците од енергетиската  криза, наместо досегашните 65 милиони, обезбедени се дополнителни пари во буџетот за следната година, но министерот за финансии Бесими не открива од каде. Сепак од бизнис секторот јасно потенцираа, сметката од кризата ќе ја платиме сите. 

-Во 2022 има уште 10 милиони евра за докапитализација на ЕСМ, тука се и тие 15 милиони за ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Тоа се случува функционира има и други мерки, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

-Пошто прашавте од каде пари за ова, јас знам со сигурност од каде, од нас ќе земат пари тоа е фиксен одговор, додаде претседателот на СКМ, Бранко Азески. 

Освен на струјата, на светските берзи рекорди руши и цената на гасот. За да им се излезе во пресрет на фирмите, државата одлучи да ја укине давачката за увоз на гас, но за стопанството оваа мерка нема многу да помогне.

Од бизнис секторот се надеваат дека струјата од ТЕЦ Неготино ќе биде насочена во стопанството. Велат треба да бидеме свесни дека во иднина одредени количини на јаглен ќе мора да се увезуваат, но да се најде начин да биде по пониска цена. По сите турбуленции бизнисмените се надеваат дека следната година ќе ја завршат приближно како оваа. Велат дека во идина државата мора да се насочи кон стопанството. За постепено излегување од глобалните притисоци, сметаат дека е потребен раст од 5 до 7 проценти три години со ред.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.