6.000 текстилни работнички заминаа на колективен одмор поради доцнењето на петиот пакет помош од државата
Доцнењето на петтиот пакет мерки ги натера газдите на текстилните конфекции да ги пратат работниците на колективен одмор. Над 6.000 од нив од вчера се дома, а скоро половина од нив се од штипските фабрики. Проблем за работодавачите е и локдаунот во Германија каде што се извезува повеќе од 60 отсто од вкупното текстилно производство. Сепак фирмите спасот го гледаат во државната помош.
– Ако тоа не се случи после завршувањето ан колективниот одмор поголемд ел од тие луѓе ќе останат без работа, особено тие кои се со договор на определено време…
Во лоша состојба се и фабриките од кожарската индустрија кадешто имаше голем број на отпуштени работници. Тие кубурат со работа и тешко доаѓаат до нарачки од странство. И тие чекаат на помошта за исплата на плати.