ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

37 нови случаи на Ковид-19, нема починати пациенти

Расте бројот на заразени со Ковид 19. Во последното деноноќие, ИЈЗ регистрирал 37 нови случаи и тоа Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.
Ннаправени биле 4.264 тестирања.

Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово – по 1.

Нема починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.

Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје – 104, по што следи Тетово со 93 и Куманово со 29 активни случаи на Ковид 19.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.