ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

30-дневен притвор за таткото осомничен за убиството на 2-годишната ќерка

Триесетдневен притвор доби Фатмир Демиров – таткото кој до смрт ја претепа својата двегодишна ќерка.
1210
Објавил:
Сандра Спасовска

12 јануари 2024, 15:00
Сподели
Сподели

Од охридската полиција велат 29 годишниот Демиров е спроведен во казнено-поправната установа „Затвор-Битола“. A против него од страна на обвинителството веќе е покрената и истрага за кривично дело убиство, според кое му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.

Од охридската полиција за Канал 5 велат станува збор за лице со дебело полициско досие, досега неколку пати завршил и зад решетки поради сторени кривични дела, но ниту едно од нив не било за семејно насилство.

„4 се кривични дела кражби и 1 за тешка кражба. Сега осомничениот е приведуван и лишуван од слобода и од 2011 до 2023 ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кривични дела.“, изјави Стефан Димоски – СВР Охрид.

Канал 5 веќе објави дека станувало збор за проблематично семејство, но официјално пријави во институциите речиси и да немало.

Пред две години на адреса на Центарот за социјални работи Кичево пристигнало само една пријава која се однесувала за расправија помеѓу родителите, по што жената со 7-те деца заминала од дома.

Но, при увидот на социјалните работници таа веќе се вратила со објаснување дека недоразбирањата се надминати, а по ова во центарот нема веќе пријави. Не е пријвен ниту последниот немил настан.

„За случајот од 18.12.2023 ЦСР Кичево не е воопшто известен од страна на семејството , МВР и други институции. После настанот извршен е непосреден увид во домот на семејството, изготвено е решение за надзор над вршењето на родителското право за мајката со кое центарот ќе има редовен надзор врз извршувањето на родителските права и должности за останатите 6 деца.“ — Центар за социјални работи Кичево.

Според неофицијални информации истрага можно е да биде покрената и против мајката на девојчето, која откако тоа било донесено на скопските клиники, во информативниот разговор со полициските службеници таа изјавила дека детето се здобило со тешките телесни повреди при пад при детска игра. Според надлежните, иако не секогаш се пријавува, сепак бројот на случаи со семејно насилство изминативе години расте.

Спред статистиките на полицијата лани во првите шест месеци од годината регистрирани биле 540 кривични дела на семејно насилство, а најголем дел од жртвите се жени. Регистрирани се 176 прекршоци и 2.293 поплаки за семејно насилство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.