ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

22 години и 6 месеци затворска казна за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

Поранешниот американски полицаец, Дерек Шовин, кој беше прогласен за виновен за убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, во Минеаполис во мај 2020-тата година, беше осуден на затворска казна во траење од 22 години и 6 месеци.

На изрекувањето на пресудата, судијата Питер Кејхил, подвлече дека времетраењето на казната е базирано на злоупотребата на функцијата на доверба и авторитет и специфичната бруталност која Шовин ја покажал во однос на Џорџ Флојд.

48 годишниот Флојд, го загуби животот откако Шовин цели 9 минути со целата своја тежина клечеше на неговиот врат, брутално убиство кое беше снимено и од случаен минувач.

“САКАМ ДА ОДДАДАМ ПРИЗНАНИЕ НА ДЛАБОКАТА И УЖАСНА БОЛКА КОЈА СИТЕ СЕМЕЈСТВА ЈА ЧУВСТВУВААТ, ОСОБЕНО СЕМЕЈСТВОТО ФЛОЈД. ГО ИМАТЕ НАШЕТО СОЧУСТВО И ЈАС ЈА ГЛЕДАМ И СЛУШАМ БОЛКАТА КОЈА ЈА ЧУВСТВУВАТЕ. ЈА ПРИЗНАВАМ БОЛКАТА НЕ САМО НА ОНИЕ КОИ СЕ ВО СУДНИЦАТА, ТУКУ И НА СЕМЕЈСТВОТО ФЛОЈД КОЕ Е ПРЕД ОВАА СУДНИЦА И ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЗАЕДНИЦАТА. ИМАШЕ МНОГУ БОЛКА ВО ЦЕЛАТА ОПШТИНА ХЕНЕПИН, ДРЖАВАТА МИНЕСОТА, ПА ДУРИ И ЗЕМЈАТА” – ИЗЈАВИ СУДИЈАТА ПИТЕР КЕЈХИЛ.

Убиството на Флојд предизвика глобални протести против расизмот и полициската бруталност.

Во текот на судскиот процес, неговиот адвокат ја опиша смртта на Џорџ Флојд како грешка направена со добри намери.

Судијата истовремено одлучи и да му забрани на Шовин да поседува огнено оружје, се додека е жив.

Тој и уште тројца поранешни полицајци одвоено се судат и за прекршување на граѓанските права на Џорџ Флојд.

Семејството Флојд и нивните поддржувачи ја поздравија пресудата за Дерек Шовин.

“ДЕНЕШНИОТ ДЕН Е МОЖНОСТ ЗА ПРЕСВРТНА ТОЧКА ВО АМЕРИКА. ОВА Е НАЈДОЛГОТРАЈНАТА ПРЕСУДА НА КОЈА НЕКОЈ ПОЛИЦАЕЦ БИЛ ОСУДЕН ВО ИСТОРИЈАТА НА ДРЖАВАТА МИНЕСОТА. НО, ОВА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ИСКЛУЧОК КОГА НЕКОЈ ЦРНЕЦ Е БРУТАЛНО УБИЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА, ТРЕБА ДА БИДЕ СТАНДАРДОТ. КОГА ЗБОРУВАМЕ ЗА ВИСТИНСКА ПРАВДА, ВИСТИНСКА ПРАВДА БИ БИЛА КАКО НА ПРИМЕР ЏОРЏ СЕ УШТЕ ДА Е ТУКА СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО” – ОЦЕНИ БЕНЏАМИН КРАМП, АДВОКАТ НА СЕМЕЈСТВОТО ФЛОЈД.

Дел од подржувачите на Флојд и активистите за човекови права, изразија незадоволство затоа што Шовин не ја доби најстрогата казна. Како соодветна, казната ја опиша и претседателот на САД, Џо Бајден, иако појасни дека не ги знае сите детали.

НЕ СЛУШНАВ НИШТО ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧИЛО, НА КОЛКУ ДОЛГО Е ОСУДЕН?

-22 ГОДИНИ И 6 МЕСЕЦИ.

ЗНАЕТЕ, ЈАС НЕ ГИ ЗНАМ СИТЕ ДЕТАЛИ КОИ БЕА РАЗГЛЕДУВАНИ, НО СПОРЕД МЕНЕ, ВО РАМКИТЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ, ОВА ИЗГЛЕДА СООДВЕТНО” – ВЕЛИ БАЈДЕН.

Убиството на Флојд ги предизвика глобалните протести во Соединетите држави и ширум светот, засилувајќи го движењето Црните животи се вредни, пред се заради шокантната снимка која ја направи сега 18 годишната Дарнела Фрејзер, која случајно минувала покрај местото каде се случил настанот. Таа изјави дека започнала да снима, затоа што видела преплашен човек, кој се молел за својот живот.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.