Џонсон се држи до својот план и нема да бара одложување на брегзитот
Британскиот премиер Борис Џонсон се придржува до својот план за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија и нема да бара ново одложување на раздружувањето на самитот во октомври, изјавија во неделата двајца министри откако од владата оставка поднесе министерката за труд и пензиски систем, Амбер Рад.
По неочекуваната одлука на министерката Амбер Рад да ја напушти владата и да истапи од членството во Конзервативната партија поради политиката на премиерот Борис Џонсон во врска со брегзитот, двајца министри рекле дека Џонсон е решителен „да се придржува до планот“ Британија да излезе од ЕУ на 31-ви октомври, со или без договор.
Џонсон кој го загуби мнозинството во парламентот, исклучи 21 побунет пратеник од редовите на „ториевците“ и не успеа во првата фаза да наметне распишување предвремени парламентарни избори. Потоа оставка од владата поднесе и неговиот брат Џо Џонсон, кој рече дека е растргнат меѓу интересите на семејството и националните интереси. Оставката на министерката Рад објавено доцна ноќта во саботата поради фокусирањето за подготовки на брагзитот без договор дополнително ја зајакна кризата.
„Гледам дека 80 до 90 отсто од работата на односите со ЕУ се оденсуваат на подготовката за брегзит без договор. Забележувам несреазмерност. Целта на оваа оставка е да се укаже на тоа дека Конзервативната партија во своето најдобро издание треба да биде умерена партија која ги прифаќа луѓето со различни ставови за ЕУ“, истакна Рад во неделата во емисијата на Ендрју Мар на BBC.
Министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, тврди поинаку и вели дека се водат „интензивни преговори“ во Брисел, како и дека владата не е насочен на она што некои го опишуваат како „тврда стратегија за брегзитот“. „Луѓето и гласачите мора да разберат дека во некои клучни прашања треба да се придржува до планот“, изјави Рааб за Sky News.
Министерот за финансии, Саџид Џавид, рече дека премиерот во октомври ќе се обиде да обезбеди нов договор. „Премиерот на самитот на 17-ти и 18-ти октомври ќе се обиде да постигне нов договор. Сигурно нема да бара одложување на брегзитот“, рече Џaвид за BBC.
Во меѓувреме францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ледријан изјави за радиото Europe 1 дека ситуацијата е „многу загрижувачка“, како и дека „Британците мора да кажат што сакаат“.