ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џафери продолжува да молчи, ДУИ решението го бара во Уставниот суд

Се уште молк од собранискиот спикер Талат Џафери за барањето од СДСМ да го свика парламентарниот состав да заседава во време на вонредната состојба. 

Останува енигма дали парламентот ќе почне повторно со работа или Владата и понатаму самостојно ќе носи уредби со законска сила во врска со корона пандемијата. Од пратеничката група на ДУИ велат дека иницијативата не е ниту доставена до нив за да изградат став, но не исклучуваат ниту една опција.

Пратеникот Артан Груби смета дека за најдоброто решение треба да пресече Уставниот суд, а партиите треба заеднички да ги решаваат ваквите крупни прашања. За оддржувањето на изборите пак вели дека засега не треба да се разговара.

Изборите засега не се тема на разговор ниту во ВМРО ДПМНЕ, тврдат од партијата. На листата на приоритети велат не е ниту свикување на Собранието, туку само здравствената и економската состојба во државата. Според нив, владејачката партија ги наметнува политичките теми во период на сериозна борба со корона вирусот.

– Не се во првите три приоритети на партијата и навистина е нечовечки и дегутантно ова што го прави СДСМ во услови кога секој ден имаме нови болни од корона вирус, во услови кога секој ден семејства во Македонија ги губат своите најблиски во битка со вирусот да се зборува за избори, за датум за избори мислам дека прво е непристојно, а потоа е нечовечки и навистина ми е згадено да дискутирам за оваа тема. – Александар Николоски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Иако претседателот на државата Пендаровски рече дека за неколку дена ќе ги повика претседателите на партиите да седнат на иста маса, со првична најава дека ќе се разговара за иницијативата на владејачката партија, од СДСМ не гледаат потреба за оддржување на лидерската средба. Велат дека се фокусирани на справување со вирусот од здравствен аспект.

Како спроведливи термини за одржување на изборите се споменуваат крајот на јуни или почетокот на месец јули. Државната изборна комисија е подготвена за организирање на процесот, но оттаму велат дека им се потребни околу два месеци за потребните подготовки.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.