ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џафери- Пратениците да ги откажат сите патувања во јули

Вкупно 85 пратеници се запишале како присутни, но во собраниската сала влегле само 58 од запишаните. Поради ова претседателот на Собранието,Талат Џафери, денеска ја прекина денешната собраниска седница и ги повика на итна средба лидерите на владејачките политички партии застапени во Собранието, откако не можеше да се обезбеди кворум за работа.

Во соопштението од неговиот кабинет е посочено дека Џафери им наложил на пратениците да ги откажат сите службени и приватни патувања на пратениците, кои не се неопходни, во текот на јули со цел непречено работење на Собранието. Доколку не се создадат услови за работа, тој најави дека ќе свика седница за распуштање на Собранието.

„Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго а не практикување на мандатот кој што им е доверен од граѓаните. Претседателот посети дека тој е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала“, се вели во соопштението.

На средбата, тој им порачал дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, тие треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.На денешната 79 пленарна седница на дневен ред беа ставени точките за неколку договори за ратификација, предлог измени на законите за гранична контрола, за оружје, за прекршоци против јавниот ред и мир, потрошувачки права, здравствена заштита како и за граѓанската одговорност за навреда и клевета.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.