ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЌЕ СЛЕДИМЕ ДАЛИ Е ВАРИЈАЦИЈА ИЛИ ТРЕНД ДЕНЕШНИОТ ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

Medical personnel at work in the intensive care unit of the hospital Pourtales site "Hospital Pourtales" during the coronavirus disease (COVID-19) outbreak in Neuchatel, Switzerland, Monday, March 23, 2020. (Jean-Christophe Bott/Keystone via AP)

Комисијата за заразни болести утре заедно со Кризниот штаб во Владата ќе разговараат за тоа како ќе биде регулиран полицискиот час за претстојниот викенд, а в сабота ќе разговараат и ќе анализираат за тоа какви мерки ќе важат од следната недела, кажа денес министерот за здравство Венко Филипче. Во изминатите 24 часа се регистрирани 33 нови позитивни случаи на КОВИД-19, според статистиката на Институтот за јавно здравје.

„За денес е забележан скок на бројот на заразени, за разлика од изминатите 14 дена. Оваа ситуација ќе ја следиме и ќе ја анализираме и в сабота, ќе видиме дали е варијација или тренд, но искрено сметаме дека е варијација. Затоа, засега остануваат во сила сите мерки“, кажа Филипче.

Тој додаде дека со оглед на зголемениот број на заразени во Велес, Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе направи надзор во неколку фабрики и други објекти, и дека во следните денови ќе имаат појасна слика.

Министерот кажа дека денеска заедно со амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада, ја пуштиле во употреба монтажната болница до Инфективната клиника, и со тоа капацитетот на Клиниката се зголемува за плус 72 кревети.

Пристигната е донација од 3.2 милиони евра од Европската Унија, која се состои од 20 монитори, 25 илјади маски N95, 100 илјади хируршки маски, 750 илјади заштитни ракавици, 10 илјади заштитни очила, а најавени се и 20 респиратори од Норвешка. Веќе стигнаа 15 респираторни машини преку УНДП и 20 машини од ЕУ.

Од следната недела ќе се прави скрининг тестирање за коронавирус на лица за коишто се смета дека се во критични категории како: здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација. Планот го направија Центарот за јавно здравје во Скопје и Институтот за јавно здравје, а покрај матичните лекари, термин за тестирање ќе закажуваат и матичните стоматолози.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.