Ќе му ги даде ли Ковачевски на Таравари МЕПСО и ПИОМ со кои раковид Гаши?
До петок Македонија добива договор за реконструкција на Владата, дали ќе биде проширена и надградена или само заменета Алијанса наместо Алтернатива се очекува да се знае најдоцна утре.
Се очекува уште денеска Димитар Ковачевски на Африм Гаши да му презентира што му нуди за да остане на Илинденска број 2, откако според брифинизите на дел од преговарчкит тим на Алијанса за Албанците, Таравари на своето конто ги прокнижил дел од позициите на Гаши.
Од Алтернатива за ТВ 24 велат дека ако СДСМ планира да ги стави пред свршен чин, ќе се соочи со со содветен одговор. Премиерот пак без детали за тоа како ќе го убеди Гаши да остане.
Висок функционер на Алијанса за Албанците пак вели дека во идната Влада освен министерските места во правда каде што како што објави ТВ 24 ќе седне генералниот секретар Кренар Лога, и здарвство каде има вантрепартиска битка за фотелјата, третото минситерство остануваат повеќе опции – екологија, информатичко општество или вицепремиерско место – кое ќе биде за инвестииции и дијаспора, и секако доколку Гаши излезе информатичко.
Она што ефиксно, според брифинзите од Алисјанс од заменичките места се одбрана и земјоделство. Таравари добива и заменик во УЈП, како и просветен инспекторат, но и како што велат МЕПСО, ПИОМ и ќелезници транспорт, ресори со кои раководи Алтератива.
Веќе в четврток според најавите ЦП на АЛИСјанќе снсои одлука за велз во влада, аво петок за имињата на министерот. Дека Алисјанса е на чекор на Илинденска потврдува и нејзиниот лидер.
Влезот на Алијанса според Владата е за функционално Собрание и стабилно мнозинство, бидејќи и со сите партии внатре Димитар Ковачевски без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе нема 80 за уставни измени и вметнување на Бугарите во уставот со што Македонија и реално ќе ги почне преговорите.