ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ќе има ли ново парламентарно мнозинство? Мицкоски најавува дека по вториот круг ќе ги продолжи преговорите

За ново парламентарно мнозинство ќе се продолжи да се разговара откако ќе завршат локалните избори. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со коалициските партнери.

„Немаме никаква дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник заедно со коалицијата За обнова на Македонија и како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство. Ќе ги отпочнеме тие разговори веднаш по завршувањето на локалните избори.“, рече Мицкоски.

Тестот на владината коалиција ќе се прекршува во Тетово каде СДСМ треба да одлучи кој од двајцата кандидати на ДУИ или на БЕСА ќе ги поддржи. Калкулира ли Мицкоски со тоа што очекува еден од партнерите кој нема да биде поддржан од СДСМ да ја напушти коалицијата и да премине за ново мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ. Но од ДУИ велат дека во власта има коректно партнерство и дека владината коалиција е стабилна.

„Нема причин да падне Владата. Во централната власт имаме коректно партнерство. Оваа коалиција е реформска.
ТВ21: Имате коалиција со СДСМ но не и со Беса.
Арбер Адеми: Беса беше во листата на СДСМ. Тоа не е наша обврска. Ние имаме коректен однос со Беса затоа што заедно сме во Влада. Но имаме коалициски договор со СДСМ“.

Инаку, во вториот круг на локалните избори Мицкоски најавува дека ќе ги поддржи коалициските партнери, како и кандидатите на Алијанса Алтернатива. Но дали ќе дадат и поддршка на поранешниот СДСМ-овец и кандидат за втор мандат за Куманово Максим Димитриевски?

„Онаму каде што имаме кандидати за градоначалници во втор круг од коалицијата Алтернатива Алијанса немаме дилема застануваме комплетно позади тие кандидати, како што кандидатот за градоначалник во општина Чаир овде во Скопје и во други места, Дебар, Гостивар и така натаму. Се уште раководството нема донесено одлука во тие општини каде што има кандидати кои не се дел од коалицијата За обнова на Македонија или не се дел од коалицијата Алтернатива и Алијанса кого ќе поддржиме“, рече Мицкоски.

Вториот круг на локалните избори каде што и дефинитивно ќе се утврди кој кого ќе поддржи од кандидатите за градоначалници ќе се одржи на 31 овој месец.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.