ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ќе го славиме ли и догодина Денот на Европа?

Пред 70 години, францускиот министер за надворешни работи Шуман повика на создавање на солидарна Европа без граници. Дали постои таа храброст денес? Однесувањето во пандемијата предизвикува сомнежи, смета Бернд Ригерт.

Мирот во светот не може да се одржи без творечки напор кој одговара на големината на заканата.“ Со оваа реченица францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман пред 70 години го започна своето соопштение кое го постави темелот за развој на денешната Европска унија. Како поука од ужасите од двете светски војни, Шуман претстави визија за една европска федерација која би се темелела на солидарност и на изедначување на животниот стандард.

Пред 70 години мирниот соживот беше предизвик кој бараше „творечки напор“. Денес тоа е новиот поредок кој и Европа и целиот свет мораат да го создадат по неочекуваната, можеби и разорувачка пандемија. Заканата за благосостојбата, животот и за слободата е огромна. Каде се тие творечки жени и мажи од димензијата на Роберт Шуман кои би можеле да не изведат од оваа криза?

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.