Љубљана е град на духови, само полицијата е на улиците. Ова последен пат се има случено во 1943 година, за време на окупацијата!

Во Словенија од синоќа стапи на сила полициски час, поточно, забрана за излегување помеѓу 21 и 6 часот наутро. Вакво ограничување на движењето е забележано за прв пат во историјата на независна Словенија.
А, зошто ваквите строги мерки се на сила, покажуваат податоците од утрово дека во Словенија во последните 24 часа се евидентирани 1.503 новозаразени!
Улиците во Љубљана беа пусти, а центарот изгледаше како град на духови, скоро никој немаше никаде, дури ни оние што ги шетаат своите миленици.
Околу 100 луѓе се собраа во Марибор да протестираат против полицискиот час, но полицијата пристигна брзо и тие се разотиде.
Во Љубљана имаше и полициски патроли. Оние кои имале потврда од работодавачот можеле да си го продолжат патот, во спротивно им било забрането целосно движење освен во итни случаи. Последен пат во Љубљана полициски час имало во 1943 година.
Како што претходно објави РТВ Словенија, бројот на активни случаи во Словенија сега се зголеми на 8860. Така, 14-дневната инциденца на 100.000 жители се зголеми на 423.
Во болниците лекуваат 333 лица, од кои 55 се на интензивна нега. Осум лица умреа.
Експертите проценуваат дека едно лице на сто луѓе е заразено, а врвот сè уште не е достигнат.
Луѓето претежно се придржуваат до мерките, но најголем проблем се маските. Задолжителни се и на сите јавни површини, каде има повеќе станови. На луѓето им е тешко да се навикнат, се води вистинска војна, страстите се зовриени, луѓето чувствуваат вознемиреност, страв, не толку од вирусот, колку од губење на тој начин на живот, губење на слободата или работата.
Се чини дека вториот бран и второто затворање ќе биде многу потешко да се преживее. Во својот телевизиски настап, премиерот Јанез Јанша рече дека животот е на прво место, потоа здравјето, а на трето место и економијата.