ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЈОВАН МИТРЕВСКИ НОВ КООРДИНАТОР НА СДСМ, РУБИН ЗЕМОН НА ПРАТЕНИЧКОТО МЕСТО НА ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ

Јован Митревски е нов координатор на пратеничката група на СДСМ. Митревски, кој досега беше заменик-координатор, доаѓа на местото на Томислав Тунтев.

Денеска Собранието ја констатираше оставката на Тунтев кој ќе биде нов директор Агенцијата за цивилно воздухопловство. Нов заменик-координатор е Соња Мираковска од НСДП.

На пратеничкото место на Тунтев доаѓа советникот на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон. Денешната седница на која што треба да се расправа за уставните измени е одложена за 16 часот за да може ДИК да констатира дека Земон е новиот пратеник.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.