ЈАНУШЕВ: ВМРО-ДПМНЕ ИНСИСТИРА ДА СЕ ПОЧИТУВА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК И ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПЕЧАТОК НА ПРСТ

Набавката на фингер принтовите повторно го отвара прашањето какви локални избори ќе има во октопмври и кој се ќе учествува во нив, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагираше дека Власта и институциите имале несериозен пристап кон ова прашање но и бараат да реагира меѓународниот фактор.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и денеска со порака дека доколку власта не обезбеди сретства за набавка на овие апаратчиња нема да бидат дел од изборниот процес во октомври.
Со сличен став и Алијансата за Албанците. Велат иако ова е содржано во изборниот законик мора да се направи допрецизирање за да не се доведе во прашање легитимитетот на изборите во октомври. Велат на ниво на партии ќе се разговара и тоа дали ќе учествуваат и тие на изборите доколку во престојните 7 месеци власта и институциите не го решат ова прашање.
Од СДСМ велат дека не се кочничари и дека и тие се за локални избори со фингер принт но за тоа се неопходни измени во законот кои треба да бидат донесени со консензус на сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите.
Иако изборниот законик предвидува фингер принтови, она што останува недодефинирано е префрлањето на базата на податоци од МВР за што ќе мора да се направи консензус со сите политички партии.