ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Јанева кај Рускоска отиде со адвокат, како сведок или како осомничена?

Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, денеска на распитот кај обвинителката од организиран криминал Вилма Рускоска влезе со адвокат.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал минатата недела ја покани Јанева да даде исказ за случајот „Рекет“ како сведок.

Присуството на адвокатот на денешното давање исказ го отвори прашањето за тоа дали Јанева е сведок или осомничена. Не е вообичаено на изјава на сведок да присуствува и адвокат, освен ако повиканиот не е жртва или оштетено лице. Но и не е забрането.

Јанева денеска во 10 часот влезе во зградата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал во Скопје, придружувана од адвокатот Стеван Павлевски, поранешен републички јавен обвинител. Таа сѐ уште не е излезена од зградата.

Павлевски е адвокат и на еден од осмничените во случајот „Империја“, Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“. „Империја“ е случај на СЈО. Значи јанева ја брани адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет што таа го гони.

„Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!“, напиша на својот фејсбук-профил адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.