Што со непродадената пченица од минатата реколта?!

Не 10 туку 25 илјади тони жито скапува во домашните силоси. Ова жито кое полека но сигурно го губи својот квалитет на пазарот остана неоткупено па сега се бара чаре да се откупи за сите страни да бидат задоволни.
Од Националната федерација на фармери велат не забрана за увоз туку активирање на интервентниот фонд за да може да се откупи тоа што веќе останало во силосите од ланската реколта. Но зошто не било откупено побаравме одговор и од федерацијата на фармери, денес велат дека една од причините е и тоа што земјоделците, млинарите и трговците сакајќи повисока цена останале без откуп. Сепак, апелираат да не се запоставува домашниот земјоделец за да не се случи да останеме без домашно производство.
„Во таа изјава, тој ден, кога имавме годишно собрание на Факултетот јас сум рекол 10 илјади тони од земјоделците. Мешутоа не го знаев ова второто коешто вчера на состанок ги кажаа своите проблеми оние трговци, млинари, и дојде до 25 илјади тони, а млинарите ланската година откупиле некаде 60 илјади тони. Повеќето се такви кои чекале поголема цена и сега знаеш како, јас ги обвинувам и овие земјоделците ти немој да бараш преку леб погача, сега 19 – 19, 18 – 18. кај сите турци таму и Алија. Ќе го дадеш па вгодина здравје, меѓутоа овие чекале да бидат малку побогати, ептен богати за една година епа тоа не го бива.“- вели Синани од Националната федерација на фармери.
Од вкупното производство на пченица во реколтата 2022 година кое изнесува 250.000 тони неоткупено и непредадено останало само 10% од производството на пченица. Во текот на жетвата цената се движела од 20 до 22 денари по килограм.
Првиот човек во ресорот земјоделство, Љупчо Николовски вели дека најголем дел од производителите на пченица своето производство го продадоано имало и такви кои очекувале цената дополнително д апорасне и не го продале, односно го складирале.
За евентуална забрана за увоз на жито кое го побараа фармерите а се со цел да им се откупи домашното производство го прашавме и министерот за економија во чии ресор се одвива трговијата. Бектеши вели дека до Министерството за економија не е пристигнато барање да се забрани увозот на житоно и дека тие се во постојана координација со Министерството за земјоделство и ако има потреба ќе се реагира соодветно.
По однос на увозот на жито кое е направено за полнење на стоковите резерви додека домашното скапува, министерот за земјоделство вели дека министерството со кое раководи нема директни надлежности бидејќи тоа се однесува на Агенцијата за стокови резерви, но апелира во овие јавни набавки кои се прават за да се обезбедат стоковите резерви предност да се даде на домашното производство на ѓито бидејќи ги исполнува потребните барања за квалитет.