ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шолц: Приклучувањето на Западен Балкан во ЕУ е приоритет за германската влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија останува приоритет за неговата влада поради сигналите од некои членки на блокот дека нивниот интерес за проширување слабее.

Шолц, говорејќи на заедничката прес-конференција во Приштина по разговорите со косовскиот премиер Албин Курти, рече дека Германија ќе одржи состанок подоцна оваа година во Берлин за да го оцени напредокот постигнат од шесте кандидати кон исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

Руската инвазија врз Украина на крајот на февруари ги засили повиците за приближување на Црна Гора, Србија, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово до ЕУ преку полноправно членство или некоја алтернатива.

Лидерите на Унијата не понудија конкретен распоред за членство на шесте кандидати од Западен Балкан на самитот во Словенија во октомври, повторувајќи ја само „посветеноста на унијата за процесот на проширување“.

Изјавата на ЕУ беше дочекана со разочарување во Албанија, Босна, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

Шолц, исто така, ги повика Косово и Србија да го забрзаат нивниот дијалог, велејќи дека војната во Украина го направи решавањето на разликите меѓу Косово и Србија уште поважно.

Од Приштина германскиот канцелар ќе отпатува за Белград.

Патувањето на Шолц во регионот доаѓа веднаш по тоа на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и пред самитот на лидерите на ЕУ-Западен Балкан на 23 јуни.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.