ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шилегов: Увезениот отпад не се депонирал туку се користел за индустриски цели

Надлежните тврдат дека во државата не е внесен опасен отпад, по информациите дека за само две календарски години во државата се внесени над 8 милиони од кои 7милиони тони отпад се увезени од Бугарија. Увезувањето согласно законот велат се прави само со претходно добиени дозволи и тоа за отпад кој се користи како суровина. Дека ваквиот отпад не се депонира во земјава тврди и скопскиот градоначалник.

По аферата во Бугарија дека фирма вод Софија во сопственост на досегашниот директор на Дрисла Горан Ангелов и содружникот Блаже Игњатовски увезувале сомнителен отпад од Италија ги засили реакциите во јавноста. Еко здруженијата упатија барање да се забрани секаков увоз на отпад кој ќе служи како извор на енергија. Во македонското собрание  иницијативата за измени во законот се најде на дневен ред, но пратениците се уште не стигнале да гласаат за забрана на увоз на отпад за согорување. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.