Шест недели по ред горивата кај нас поскапуваат
Според регулаторната комисија за енергетика, и најново поскапување на горивата се должи на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период, кај бензинот во просек за 4,982%, а кај дизелот за 2,764%, но и на доларот за 1,218%. Претворено во наши пари, тоа значи поскапување на бензините за 1,50 денари, односно дека за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 67,50 а за литар еуросупер БС-98 по 69,50 денари. Цената на дизелот овојпат помина со зголемување за 1 денар и литар од него ќе чини 57,00 денари.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: