ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шестмина починати, 113 новозаразени и 259 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира (МЗ) денеска информираше дека се потврдени 113 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 35 случаи во Скопје, 23 во Штип, 15 во Гостивар, 12 во Куманово, седум во Битола, шест во Охрид, пет во Тетово, по два случаи во Кочани и Демир Хисар и по еден во Прилеп, Струга, Пробиштип, Македонски Брод, Валандово и Виница.

Од МЗ информираат дека починале шест лица, односно, три пациенти од Скопје на 22, 64 и 83 години, пациент од Куманово на 72 години, пациент од Струга на 48 години и пациент од Охрид на 75-годишна возраст. Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Институтот за јавно здравје регистрирал 259 оздравени пациенти, односно, 103 од Скопје, 75 од Штип, 31 од Тетово, 19 од Гостивар, 13 од Куманово, четири од Свети Николе, по два од Битола, Кавадарци, Кочани, Пробиштип, Кратово и Ресен и по еден од Дебар и Демир Хисар.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402. Денес се евидентираат три контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени шест пациенти,а вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 49 пациенти, а еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 109.946 тестирања на Ковид-19, а во изминатите 24 часа се направени 1.543 теста.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.