ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Четврти ден по ред дел од попишувачите не се на терен

Четврти ден по ред, дел од попишувачите не се на терен, а хакери ги нападнаа и веб страниците на Државниот завод за статистика. Ова предизвика и загриженост, дали се во опасност податоците на граѓаните? Од Заводот смируваат.

Од ДЗС велат и дека, причина за недостапноста на веб страниците  во одредени периоди се заштитите што се користат за спречување на хакерските напади. Уште се отстрануваат и техничките проблеми кои се појавија веќе на вториот ден од пописот, кога апликацијата падна од преоптовареност. Од Статистика убедуваат дека, во најбрз можен рок сите попишувачи ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа, а пописот ќе заврши до 30 септември.

Досега е извршен попис на околу 200 илјади граѓани, а преку онлајн апликацијата се регистрирани околу 191 илјади иселеници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.