Четврта рунда преговори меѓу Москва и Киев без конкретен епилог, разговорите продолжуваат утре
И повеќесовната, четврта рунда преговори меѓу Москва и Киев не донесе конкретен напредок.. Додека двете страни разговараа, оружјето не мирува на терен..
Без јасни назнаки во која насока се одвиваат преговорите, заврши денешната четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија, прва во он-лајн формат.. По состанокот, Михаил Подољак, еден од преговарачите за Украина, соопшти дека договориле т.н. техничка пауза, а по консултациите во Киев и Москва за поединечни дефиниции, разговорите ќе продолжат утре во работни подгрупи…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно порача дека делегацијата има јасна задача – да направи се за да обезбеди средба меѓу него и Путин, а дотогаш побара да продолжи борбата..
„Русија продолжува да ја уништува нашата инфраструктура, продолжува да ги победува нашите градови. Но, ние ќе ја обновиме секоја улица во секој град. Секоја куќа, стан на секој Украинец. Сега кога окупаторот е се уште на наша земја, мораме да го победиме најдобро што можеме. Да ги заштитиме градовите, да ги заштитиме селата, да го заштитиме секој метар од нашата земја.
За продолжува, но и интензивирање на борбите, денеска говореше и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.. Иако првично не им било планирано, сега најави можност и за освојување на опколените градови..
„Урбаното војување неизбежно води кон големиот број цивилни жртви. Водејќи сметка за максималната безбедност на мирното население, министерството за одбрана не ја исклучува можноста за воспоставување целосна контрола врз големите украински градови“, кажа Песков.
Руската армија утрово гранатираше станбен блок во Киев, во кој официјално има еден загинат и неколкумина повредени..
Украинските власти пријавија дека гранатирана била и административната зграда на фабриката за авиони Антонов, лоцирана на аеродромот Свијатошин, на околу 10 километри од центарот на Киев. Во нападот, според информациите, загинале двајца..
И понатаму, најтрагична е ситуацијата во Мариупол… Светските медиуми, пренесуваат дека бројот на цивилни жртви таму се искачи на 2.500.. Меѓу нив, украинските власти ја потврдија и бремената жена, што беше повредена во средата при бомбардирањето на родилиштето, а фотографијата од нејзиното спасување го обиколи светот..
Од друга страна, за напад во областа Доњецк, Москва ги обвини украинските вооружени сили… РИА новости јави дека 20 лица загинале, а има и многу повредени за што сведочат и објавените вознемирувачки снимки … Според информациите, украинска ракета била пресретната од бунтовниците, но нејзините делови паднале во центарот на градот и ја предизвикале ужасната трагедија…