ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Чарлс Трети, новиот британски крал

Според монархистичката традиција, во истиот момент кога ќе почине монархот круната преминува на неговиот наследник. По смртта на Кралицата Елизабета Втора, нејзиниот најстар син и наследник, принцот Чарлс веќе е Чарлс Трети, иако официјалното прогласување ќе се случи утре. Крунисувањето пак е церемонија за која е потребно повеќе време за организирање и ќе се одржи многу подоцна. Кралицата Елизабета ја наследи британската круна во фебруари 1952, а беше крунисана дури во јуни 1953.

ДЕНЕСКА, КРУНАТА ПРЕМИНУВА, КАКО ШТО СЕ ПРАВИ ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ГОДИНИ, НА НАШИОТ НОВ МОНАРХ, НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО, КРАЛОТ ЧАРЛС ТРЕТИ. ЗАЕДНО СО СЕМЕЈСТВОТО НА КРАЛОТ И НИЕ ТАГУВАМЕ ЗА ЗАГУБАТА НА НЕГОВАТА МАЈКА. И ДОДЕКА ТАГУВАМЕ МОРАМЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ КАКО НАРОД И ДА ГО ПОДДРЖИМЕ, ДА МУ ПОМОГНЕМЕ ДА ЈА ПОНЕСЕ ОВАА ОГРОМНА ОДГОВОРНОСТ, КОЈА СЕГА ЈА НОСИ ЗА СИТЕ НАС, ИЗЈАВИ БРИТАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ЛИЗ ТРАС.

Новиот британски монарх за прв пат ќе ѝ се обрати на британската јавност доцна попладнево, по средбата со премиерката Лиз Трас, чие преземање на премиерската функција пред три дена беше последното појавување во јавноста на кралицата.

Наследувањето на круната и прогласувањето нов крал, носи промени и во титулите на членовите на кралското семејство. Наследник на Чарлс сега е неговиот син Вилијам, кој исто така ја презема титулата Војвода од Корнвол, а подоцна од страна на кралот ќе му биде доделена и титулата Принц од Велс, која ја носи наследникот на круната. Титули принцови, доколку сакаат може да добијат и децата на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл, која откако се повлекоа од своите должности и заминаа да живеат во Калифорнија, ја критикуваше круната тврдејќи дека нејзините деца не добиле титули поради нивната темна боја на кожата. Вистинската причина поради која тие и до сега не носеа такви титули, е што правилата поставени од Кралот Џорџ Петти во 1917 година, титула принц или принцеза, покрај децата, добиваат и внуците на монархот, но не и правнуците. Арчи и Лилибет беа правнуци на Елизабета, додека сега, како внуци на кралот имаат право на титулите.

Чарлс со британската круна ја наследува функцијата шеф на Комонвелтот, асоцијација на 56 независни земји кои произлегоа од Британската империја а чиј број на жители сочинуваат речиси една третина од светската популација. Чарлс исто така станува шеф на државата на дури 14 земји членки на Комовелтот, меѓу кои и на Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.