ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Црна Гора ќе им дава двојно државјанство и на Србите

По 12 години Црна Гора конечно би можела да им дозволи на своите граѓани двојно државјанство – црногорско и српско. Тоа го најави премиерот Здравко Кривокапиќ што секако би било решение на еден од жешките проблеми во односите на двете држави.

Кривокапиќ оваа информација ја сподели на својот профил на Твитер:

„Голем број граѓани кои со години живеат во Црна Гора, а не добиле државјанство од нашата земја заслужија тоа прашање конечно да се реши. Владата на Црна Гора во следниот период ќе го реши овој проблем“, истакна Кривокапиќ.

Инаку, според законот за црногорско државјанство од 2008 година не се дозволува двојно државјанство – црногорско и српско. Таквиот закон се толкуваше на неколку начини: како заштита на црногорскиот идентитет, антисрпска политика, или останување на одделни политички партии на власта со тоа што црногорските Срби не можат да гласаат на изборите. Особено поради тоа што на другите нации во Црна Гора не им е забрането двојно државјанство.

Можноста граѓаните покрај црногорското да извадат и српско државјанство претставниците на претходната власт го гледаа како опасност за проектот на „независна Црна Гора“. Тврдеа дека тоа би можело да ја отежне работата на државната администрација и да доведе до тоа во Црна Гора да има повеќе граѓани со српски отколку со црногорско државјанство.

Припадниците на бившиот режим сметаа дека Црна Гора како мала држава лесно може да биде жртва на политички инженеринг и големиот број нови гласачи комплетно да ја сменат политичката сцена.

Сепак, до промена на власта дојде и без промена на спорниот закон. По сè изгледа, промената на власта ќе доведе до промена на законот за црногорско државјанство, а не обратно.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.