ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Црвенковски со жестока порака до Брисел: Македонија направи болни отстапки, ако нема датум ќе пропадне кредибилитетот и на ЕУ и на Владата

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски беше домаќин на регионалната конференција на Подгоричкиот клуб. На оваа конференција учестуваат сите поранешни претедатели и премиери во регионот.

Регионална конференција

-Македонија направи многу болни отстапки , го потпиша преспанскиот договор, доколку ова лето не добиеме датум за преговори тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во ЕУ, рече Црвенковски.

И актуелниот претеседател Стево Пендаровски предупреди дека доколку на нашата земја и на Албанија не им се даде датум за преговори , а на БИХ позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок, во регионот ќе има разочарување.

Ваквиот оптимизам не го делат членовите на Подгоричкиот клуб. Поранешните премиери и престедатели од регионот стравуваат дека Унијата соочена со внатрешната трансформација, ке го одложи проширувањето.

Сега е во еден лош момент, завршија евроизборите, се очекува формирање нова комисија, се очекува некоја друга гарнитура во ЕУ да го одреди правецот во кој ќе се движи, па и проширувањето и судбината на Западен Балкан, изјави Косор.

Дури и кога преговорите ке отпочнат, процесоат е предолг и без цврсти гаранции кога ке заврши, вели црногорскиот екс престедтел. Според ВУјановик ваквите европски политики отвораат врати за пенетрација на трети сили во регионот

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.