ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Цените на становите во првиот квартал од годинава пораснале за 4,7%

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Добрата работа, според него, е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

-Цените на становите за изминатиот период не се реални, но се очекувани согласно тоа кои се сега во игра како градители на станови. Кога сопствениците на парцели за градба видоа дека градителите ги покачија цените на становите и тие ги зголемија нивните услови. Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега стасува и до 40 проценти од земјиштето, изјави Велковски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.