Хрватска се празни, покуса за население колку цел еден Сплит

За eдна деценија, Хрватска изгубила население колку цел еден Сплит.
Загреб и Истарската жупанија се единствените области во Хрватска во кои во за 10 години е зголемен бројот на жители, а сите други жупании изгубиле повеќе од 200.000 жители, пишуваат тамошните медиуми. Истра има благ раст од 1.000 жители, додека Загреб го зголемил своето население за околу 17.000 и сега има 807.000 жители, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС). ЦБС проценува дека Загреб ја надминал бројката од 800.000 жители во 2016 година и од тогаш бавно расте благодарение на фактот дека тој е најсилниот економски центар во државата. Сисачко-мославачката жупанија изгубила 27.000 жители, Осиечко-барањската – 33.000, Приморско-горанската – 12.000, и близу до нула – со дефицит од околу 900 луѓе, е единствено туристички просперитетната Дубровничко-неретванската жупанија.Хрватска се празни поради иселување, но и намален наталитет. Хрватска на последниот ден од 2018 година имала 4.076.246 жители. Тоа е проценка на Државниот завод за статистика врз основа на податоците од пописот во 2011 година, природното движење и миграциското салдо.