ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ХАШИМ ТАЧИ: Косово никогаш немало послаб премиер во својата историја од Албин Курти!

Дури и ако ме замолат да си дадам оставка, тоа не е крај на светот – рече Тачи на приштинската телевизија Дукаѓин и додаде дека указот за мандаторот на премиерот Авдулах Хоти е вистинската одлука, јавува косовскиот онлајн портал.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека сите политички субјекти треба да се посветат на почитување на одлуките на Уставниот суд и дека ќе поднесе оставка доколку тоа го побара тој суд, заради указот за формирање нова влада во Приштина.

Со тој указ, Тачи го назначи Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово за кандидат за нов премиер.

– Дури и ако ме прашаат да си дадам оставка, тоа не е крај на светот – рече Тачи на приштинската телевизија Дукаѓин и додаде дека указот за мандаторот на премиерот Авдулах Хоти е вистинската одлука, јавува косовскиот портал.

 Тачи оцени дека Косово никогаш немало послаб премиер во својата историја од Албин Курти.

Курти е застапник на идејата за Косово да се спои со Албанија.

Курти во јавноста остана запаметен како политичар кој не сакаше да преговара со српската страна. Меѓутоа, пред изборите тој ја смени плочата и споменал укинување на таксата на робата како прва работа која ќе ја направи ако стане премиер.

Сепак, покрај враќање на преговорите, Курти истакнал дека за првите денови од својот мандат од Србија ќе бара воена отштета.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.