Харадинај е слободен човек, по Хаг се враќа во политиката
Еден час зад затвоени врати траеше сослушување на Рамуш Харадинај како сведок пред Судот за воени злосторства на Косово во периодот 1998/98, за неговата улога во ОВК. Отакако ја напушти хашката зграда од црвена цигла тој пред новинарите рече дека ги послушал адвокатите и се бранел со молчење. Со ова моите правни обврски кон Судот завршија, рече тој и истакна дека не добил објаснување за што е повикан.
- Немаше дискусија ниту разговор за нешто поконкретно. Обвинителството рече дека според законот не мора да се даде ништо, тоа е нивно право, рече Харадинај.
На новинарско прашање дали му објаснија за што е повикан, рече дека не добил објаснување.
Харадинај трет пат е во Ден Хаг, а вотр пат си дава оставка, првата во 2005 кога доброволно се предаде во Хаг. Судот денеска го сослуша и поранешниот портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи, но и тој не откри детали. Харадинај најави дека веднаш по враќањето на Косово ќе се вклучи во политичкиот живот, иако минатата недела си поднесе оставка. Веднаш по падот на косовкста влада опозицијата побара датум за предвремени избори, за сега се шпекулира со датумот 8 септември. Новата политичка ситуација на Косово не донесе укинување на таксите кон Србија, но ги закочи преговорите Белград – Приштина.