ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фридом хаус: Американската демократија на ниво на Грција, Хрватска и Монголија

САД и натаму во категоријата слободни иако други земји во светот го преземаат однесување на лидерството во нивните држави.

Предизвиците за американската демократија ја тестираат стабилноста на уставниот систем и се закануваат да ги поткопаат политичките права и граѓански слободи ширум светот, според извештајот за „Слободата во светот во 2019-та“, последната едиција за степенот на основни слободи, поединечно, земја по земја, што го објави денеска Фридом хаус.

Во извештајот се додава дека демократските институции доживуваат постојан притисок во светот, како на пример, во Унгарија, Турција, Венецуела. Антидемократската реторика за отфрлањето на демократските вредности се први чекори кон вистинско ограничување на слободата.

„Предизвиците на демократијата во САД ги надминаа ефектите надвор од границите на САД“, вели Мајкл Абрамович, претседател на Фридом хаус. „Други земји гледаат што се случува во САД, и го преземаат однесувањето на овдешните лидери. Постоечкото влошување на американската демократија ќе го забрза падот на степенот на демократија ширум светот“, вели Абрамович.

Како што нагласи тој во извештајот „слабеењето на демократијата во светот не почна со Доналд Трамп, но реториката на претседателот и неговите политички чекори, го поткопуваат владеењето на правото и довербата во слободни и фер избори“. „Конгресот треба да ја искористи моќта за поголема контрола врз актуелната администрација, што виртуелно недостигаше изминатите две години. Граѓаните мора да бараат од нивните избрани претставници во највисокиот законодавен дом да ги заштитат демократските вредности, дома и во странство“, вели директорот Абрамович.

Актуелниот стадиум на американската демократија е на исто ниво со Грција, Хрватска, Монголија, и на многу пониско ниво отколку долгогодишни демократии како Германија и Велика Британија.

Во најновиот извештај на Фридом хаус, во 68 држави има пад на политичките и граѓански слободи за време на 2018-та. Само 50 земји во светот регистрирале одреден напредок. Во извештајот за Слободата во светот во 2019-та, се вели дека најмногу има слабеење на демократските норми во две категории – избори и човекови права на имигрантите. Изминатата година е 13-та последователна година на регистирање опаѓање на глобалната слобода.

Од Источна Европа, извештајот ја издвојува Унгарија која едновремено важеше за успешна приказна од пост-комунистичката транзиција, и падна во категоријата делумно слободна, што е најдраматично опаѓање од Фридом хаус во рамки на ЕУ.

Од 195 држави во светот, 86 (44 проценти) се окарактеризирани како слободни, делумно слободни се 59 ( 30 проценти ) а 50 (26 проценти ) не се слободни.

САД моментално има рејтинг 86 од 100 поени. Иако е зад поголемите демократии како Франција, Германија, Велика Британија, се` уште се наоѓаат во категоријата на слободни медиуми.

Македонија е рангирана со благо подобрување за степенот и натаму се наоѓа во категоријата на делумно слободни, и поединечно не е анализирана во извештајот.

Од регионот, Србија, има голем пад од слободни во делумно слободни поради изборни нерегуларности, заплашувања и жестоки владини кампањи против независните новинари, при што се нагласува дека претседателот Александар Вучиќ де факто акумулира преголема уставна моќ, заклучува Фридом хаус во најновиот извештај.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.