ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Францускиот предлог виновен за оставката на Милевски, дали ќе има поголема реконструкција на владиниот кабинет?

Замореност не е причина за оставката на Милевски од министерското место и лидерската позиција во ЛДП, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Причините за оставките, тој ги лоцира во внатрешното разединување откако двајцата пратеници на партијата гласаа за францускиот предлог, иако тој за Милевски беше неприфатлив. Арсовски очекува новото раководство на ЛДП да има приближно исти позиции со коалицискиот партнер СДСМ.

„Не е голема тајна дека Милевски имаше разидувања со раководствата на партиите кои ја сочинуваат останатиот дел од таа коалиција, особено за договорот со Бугарија и најверојатно е тоа причината за неговата оставка. Логично е да е очекува дека наредното раководство  би имало поблиски ставови до коалицијата во која се , и тоа не е голема тајна, а и тие тоа го најавуваат“, вели Петар Арсовски, Политички аналитичар.

Според Арсовски, заминувањето на министерот за локална самоуправа ја отвора вратата за реконструкција во владиниот тим. Такви информации во јавноста проструија и минатиот месец, а дел од медиумите лицитираа и со имиња кои ги би ги напуштиле министерските позиции.

„Најавите се дека Ковачевски сака да го освежи кабинетот, меѓутоа, сега тоа се само шпекулации. Факт е дека голем дел од кабинетот на владата остана ист после преземањето на Ковачевски, така што, упатно е да размислува дека може да следи некаква мала реконструкција. Тоа не треба да биде поттикнато од политичи опортунизам, туку треба да има некаква меритократија, односно оние министри која ја работата својата работа треба да останат без притисок од политика, а оние кои не ја работат треба да бидат сменети без оглед што се можеби политички моќни“, вели политичкиот аналитичар, Арсовски.

Арсовски појаснува дека смената на раководство во партиите носи и одлив на дел од членството, но како што вели, ЛДП е цивилизирана партија и очекува нејзините приврзаници да останат лојални на програмските определби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.