ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Франција почна со евакуација на свои и на државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

epa10780655 Raissa Kalembho, who was visiting her husband with their children in Niger, is one of the French citizens who arrived from Niger at Charles de Gaulle airport in Roissy-en-France, outside Paris, France, 02 August 2023. A first plane with 262 people on board took off from the capital of Niger, during the evening of 01 August to evacuate French and European citizens six days after the military coup against President Mohamed Bazoum on 26 July. EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Во првиот авион кој ноќеска слетал во Париз имало 262 лица, меѓу кои и десет бебиња. Речиси сите евакуирани синоќа се француски државјани. Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови
Франција почна со евакуација на своите и на државјани на други европски земји од Нигер по минатонеделниот воен удар во земјата. Првиот авион со повеќе од 250 лица, како што пренесуваат медиумите, ноќеска меѓу 1 и 2 август слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.Во авионот имало 262 лица, меѓу кои и 10 бебиња. Речиси сите евакуирани се француски државјани, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.

Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци.

Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови за таа цел. Од околу 1 200 Французи регистрирани во конзулатот во Нигер, 600 сакале да ја напуштат земјата.

Инаку, Нигер е стратешки партнер на Франција, која моментално има околу 1 500 војници во оваа земја. По Мали и Буркина Фасо, Нигер, кој досега беше сојузник на западните земји, стана третата земја во Сахел каде што се случи државен удар од 2020 година.

Покрај Франција, евакуација на своите граѓани најавија и Италија и Шпанија. Франција, исто така, понуди да ги евакуира луѓето од другите европски земји. Министерството за надворешни работи во Берлин претходно ги советуваше Германците во Нигер да ја прифатат понудата.

Париз соопшти дека ги евакуира своите граѓани откако воздушниот простор на Нигер беше затворен, со што луѓето се изложени на ризик да бидат заробени во земјата.

Западноафриканските земји во неделата упатија седумдневен ултиматум до воената хунта во Нигер за целосно враќање на уставниот поредок, велејќи дека не се исклучува употреба на сила доколку е потребно.

Во Нигер имаше и насилни протести за поддршка на воениот удар во кој офицерите на елитната единица на генералот Омар Тчиани го соборија претседателот Мохамед Базум, минатата среда.

Париз не ги признава новите власти во Нигер и повика на враќање на уставниот поредок и враќање на демократски избраниот претседател Базум.

Државниот удар во Нигер беше широко осуден од соседните земји и од меѓународните партнери, кои одбија да ги признаат новите лидери и побараа демократски избраниот претседател Мохамед Базум да се врати на власт.

Додека воената хунта во Нигер не покажува знаци на повлекување поради зголемениот меѓународен притисок, многумина стравуваат дека пучот може дополнително да го дестабилизира сиромашниот регион на Западна Африка, погоден од милитантно насилство и пучисти, и каде што Русија се обидува да го зголеми своето влијание, пишуваат светските медиуми.

Илјадници приврзаници на хунтата која го презеде Нигер со државен удар, маршираа низ улиците на главниот град Ниамеј во неделата, на 30 јули, веејќи руски знамиња, скандирајќи го името на рускиот претседател и осудувајќи ја поранешната колонијална сила Франција.

Демонстрантите маршираа низ градот до француската амбасада, додека црн чад можеше да се види од целиот град.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.